Барди конечно одигра натпревар, Леванте конечно победи


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Енис Барди конечно по неколку натпревари пауза доби шанса во тимот на Леванте, овој пат од новиот предводник на тимот Пако Фернандез.

Барди натпреварот повторно го почна од клупата за резервни фудбалери, а шанса доби во 69. минута. Само десет минути подоцна Леванте го постигна единствениот погодок на средбата преку Коке со кој стигна до значајна победа за прв пат по цели 16 натпревари.

Со оваа победа Леванте се одлепи од последната позиција која води во понизок ранг и сега се наоѓа на четири бода од опасната зона.