Нова асистенција на Николов во дресот на Видеотон (видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Бобан Николов полека но сигурно почнува да се наметнува и да станува еден од клучните играчи на Марко Николиќ во тимот на Видеотон.

Нашиот репрезентативец по трансферот од Вардар во унгарскиот гигант е редовен првотимец на стартот на вториот дел од полусезоната, а на вчерашниот натпревар против Диосѓер ја запиша и својата втора асистенција.

Николов му асистираше на Него во 93. минута од средбата за последниот, четврти гол на Видеотон во убедливата победа од 4:1.

Претходно играчот од средниот ред асистираше и на гол на натпреварот против тимот на Вашаш кој Видеотон го доби со 2:1.