Дали е можно Нејмар никогаш повеќе да не заигра за ПСЖ?

0

Според тврдењата на француските и шпанските медиуми, постои реална можност Нејмар да го напушти ПСЖ следното лето и повеќе да не заигра ниту еден натпревар за клубот од Париз.

Излегувањето на ПСЖ од Лигата на шампионите и повеќемесечната пауза поради повредата, беа причина повторно да се разбудат гласините за заминувањето на Нејмар од Париз и тоа веќе следното лето.

Иако сопствениците на ПСЖ им платија на Барселона 222 милиони евра, со плата од 30 милиони евра годишно, ACB тврди дека Бразилецот брзо се разочарал од новата средина и му кажал на својот татко да започне операција за заминување од Париз по секоја цена.

Фанцуски Le Parisen пак дознава дека имало состанок помеѓу спортскиот директор на ПСЖ и самиот играч и негови преставници, па после состанкот и самиот директор не можел да гарантира дека 26 годишната супер ѕвезда ќе остане во Париз.

Нејмар кој предизвика потрес во Каталонија, минатотот лето, сега се чини дека е спремен да го направи истото и на ПСЖ, но верува дека клубот нема да го пушти без оштета од 400 милиони евра.

Реал се споменува најчесто како следна дестинација на славниот напаѓач, но управата на клубот од Мадрид мора добро да размисли, дали да вложи толку многу пари за Нејмар.

Share.