Ѕвезда од Премиерлигата ќе мора да служи воен рок!?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фудбалерот на Тотнем, Хонг Мин-Сон е еден од најдобрите во својата екипа, а со неговите одлични игри ги наполни насловните страници на Островот.

Играчот од Јужна Кореја во Лондон стигна во 2015. година од Баер Леверкузен и се покажа како одлично засилување, а исто така тој е голема ѕвезда и во Јужна Кореја, но медиумот „Сан“ пишува дека Сон и Тотнем би можеле наскоро да добијат загрижувачки вести од Кореја.

Секој државјанин на Кореја по закон мора да служи две години воен рок, а во Тотнем се надеваат дека Сон ќе биде на некој начин поштеден од такво нешто.

Сепак, секогаш постои некои исклучок, но за тоа ќе мора многу да се потруди. Од воен рок се ослободуваат спортистите кои освоиле медал на Олимписките или Азиските игри додека фудбалерите немаат такви можности. Сон во август со Јужна Кореја ќе игра на Азиските игри поради што ќе мора да го пропушти почетокот на сезоната во Англија.