Интер доби казна од 10.000 евра!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Комисијата на Италијанскиот сојуз го казни Интер со 10.000 евра поради навредливи песни кои ги пееле навивачите на дуелот против Наполи.

Во текот на првото полувреме, фановите на екипата од Милано пееле погрдни песни, па поради нив Интер ќе мора да плати казна од 10.000 евра.

Но тоа не е се. Клубовите се казнети и поради доцниот почеток на мечот. Домаќините ќе добијат казна од 4.000 евра, а гостите од Неапол ќе треба да платат 2.500 евра.