Завршена сезоната за Квадрадо?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Колумбискиот крилен фудбалер Хуан Квадрадо можеби ја заврши сезоната.

Квадрадо има проблеми со повредата на препоните која се повторува, па мораше на операција, а тренерот Макс Алегри не знае колку долго тој ќе отсуствува од терените.

„Квадрадо во саботата имаше прегледи и продолжува со лечењето. Нормално дека во моментот не е на располгање, но се надевам дека оваа сезона за него не е завршена. Моментално не е во состојба да игра, дали ќе биде за 20 дена или месец, тоа не го знам. Овие работи можат да траат два дена, но може и три, дури и шест месеци. Се надеваме дека нема да се случи тоа, но тоа е реалноста во овој случај“, рече Алегри.

Да потсетиме, овој фудбалер во тековната сезона одигра вкупно 20 натпревари во сите натпреварувања и постигна четири гола со пет асистенции.