Хејнкес откри кога се враќа Ноер


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Навивачите на Баерн Минхен и репрезентацијата на Германија со нетрпение го очекуваат враќањето на Мануел Ноер меѓу стативите.

Некогаш најдобриот чувар на мрежата на светот во изминатата година одигра само три натпревари поради повреда на коската во стапалото.

Тренерот на Баерн Минхен, Јуп Хејнкес по гостувањето во Истанбул на кое „Баварците“ славеа со 3:1 против Бешиташ и го заверија пласманот во четвртфиналето истакна дека Ноер наскоро ќе се врати на терените.

Искусниот стратег нагласи дека Ноер е речиси 80% подготвен и дека во средината на април би требало да застане меѓу стативите.