Атлетико со петарда во мрежата на Локомотив Москва си обезбеди четвртфинале


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Атлетико Мадрид одигра фантастичен натпревар на гостувањето во Москва кај Локомотив и сосема заслужено се пласираа во четвртфиналето.

До водство „јорганџиите“ стигнаа во 16. минута преку денес одличниот Анхел Кореа, но само четири минути подоцна Рибус го изедначи резултатот.

Со овој резултат и покрај неколкуте добри шанси се замина на пауза, а во продолжение Атлетико буквално го прегази противникот.

Саул во 47. минута повторно го донесе гостинскиот тим во водство, за потоа Торес со два гола да донесе предност од 4:1.

Конечниот резултат го постави Ентоан Гризман во 85. минута со еден фантастичен погодок.