Потврдено: Прва голема ѕвезда која го пропушта Мундијалот


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Тимот на Атлетико Мадрид вчера со супериорна игра против Локомотив се пласираше во следната фаза од Лигата на Европа, но за тоа плати скапа цена затоа што остана без услугите на Фелипе Луис до крајот на сезоната.

Луис беше изнесен на носилки од стадионот во Москва, а испитувањата покажаа дека се работи за скршеница на коската што значи дека за него сезоната е завршена.

32 годишниот фудбалер исто така ќе го пропушти и Светското првенство во Русија и нема да настапи за репрезентацијата на Бразил каде имаше речиси загарантирано место во првата постава.

Фелипе Луис оваа сезона настапи на 25 натпревари за „Јорганџиите“ и беше еден од најдобрите играчи на клубот.