Совети за обложување: Борба за опстанок на Победа, Работнички се подалеку од Европа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Kladenje.mk ви ги нуди следниве бесплатни типови.

Хадерсфилд- Кристал Палас: -Т2 2+ (гостинот ќе постигне најмалку два гола)

И Хадерсфилд и Кристал Палас се уште немаат обезбедено опстанок во Премиер лигата и до крајот на натпреварувањето ќе мора да водат тешка битка за да ја обезбедат таа цел. Тимот на Хадерсфилд е нешто подобро пласиран од Кристал Палас, па во саботниот натпревар можеби влегува како благ фаворит. Сепак избраниците на Рој Хоџсон по четирите порази во низа (три од Тотенхем, Манчестер Јунајтед и Челси) ќе бараат излез од резултатската криза на гостувањето на „Кирклес стадионот“ и сигурно ќе одат на освојување на три бода. „Орлите“ имаат одлични офанзивни играчи па се очекува на натпреварот со Хадерсфилд да постигнат минимум два погодоци.

Победа- Работнички: -3+ (на натпреварот ќе паднат најмалку три гола)

И двата тима се во тешка ситуација и се далеку од своите зацртани планови кои ги имаа пред стартот на сезоната. „Романтичарите“ се сѐ подалеку од излез во Европа, додека пак тимот од Прилеп до крај грчевито ќе се бори за опстанок. Типувањето на „фикс“ за овој натпревар ќе биде тешко, затоа се одлучивме како предлог тим да понудиме дека на натпреварот ќе паднат минимум три гола. Во последните три меѓусебни средби на овие два тима се навикнавме да гледаме „дожд“ од голови, нешто што е необично за македонски услови, а веројатно отворен фудбал ќе гледаме и на стадионот „Младост“ во Струмица каде Победа ќе биде домаќин.

Депортиво Ла Коруња- Лас Палмас: -1 (победа на домаќинот)

Натпреварот помеѓу Депортиво и Лас Палмас на „Риазор“ ќе одлучува за иднината на овие два клуба во Ла Лига. Се работи за дерби од дното на табелата во најсилната шпанска лига, а нерешен резултат не одговара на ниту еден тим. Затоа и Депортиво и Лас Палмас ќе одат на победа, а ние предност даваме на домашниот тим. Причината за тоа е што некогаш славниот тим од Шпанија е цели 13 средби без победа, а новиот тренер Кларенс Сидорф се уште ја очекува својата прва официјална победа. Холанѓанецот откако седна на клупата на „Риазор“ забележа само два нерешени резултати и дури четири порази. Натпреварот со Лас Палмас е идеална можност да стигне до првата победа и колку толку да ги зголеми шансите на Депортиво за опстанок во Ла Лига.

Лидс- Шефилд Вендсдеј: -1 (победа на домаќинот)

Тимот каде настапува македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски игра очајна втора половина од сезоната во Чемпионшип. По фантастичниот старт на сезоната и првото место во првите десетина кола, сега Лидс се соочува со резултатска криза која никако не може да ја преброди.  На последните 13 средби Лидс има само една победа, а ни промената на тренерот не донесе значително подобрување во играта на клубот. Шансите за обезбедување на последното шест место кое води во разигрувањето за Премиер лигата се сведени на минимум, но додека постои можност од Лидс не треба да се откажуваат. Затоа, време е момците предводени од Пол Хекингботом да се вратат на победничките патеки и да донесат малку радост на „Еланд Роуд“, а натпреварот против Шефилд Вендсдеј е одлична прилика за тоа.

Проверете ги останатите типови на Kladenje.mk