Ристовски со Спортинг ќе се спротивстави на Атлетико Мадрид


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


По ждрепката за четвртфиналето во Лигата на шампионите, во Нион следеше и ждрепката на паровите за четвртфиналето од Лигата на Европа.

Интересно е што во четвртфиналето од ЛЕ останаа осум екипи од осум различни земји и затоа нема да видиме двобој на екипи што се натпреваруваат во иста лига.

Стефан Ристовски со својот Спортинг го доби најнезгодниот противник, Атлетико Мадрид, додека пак Арсенал за противник го доби тимот на ЦСКА Москва.

Лацио силите ќе ги одмери со Ред Бул Салцбург, додека пак Марсеј ќе се сретне со Ред Бул Лајпциг.