Ѕвездата на Бразил е успешно оперирана, ќе игра на СП!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Левиот бек на Атлетико Мадрид, Филипе Луис беше успешно опериран откако се повреди во мечот против Локомотива и тој би требало да се врати на терените за два месеци.

Тоа значи дека 32-годишниот играч може да се најде на списокот на Бразил за Мундијалот во Русија, иако првите прогнози беа дека сигурно ќе го пропушти натпреварувањето.

Секако, останува да се види и дали селекторот Тите по оваа повреда и долгото отсуство ќе го постави помеѓу патниците за Русија.