ВБА веќе второлигаш, Кристал Палас славеше во дербито на дното


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Екипата на Вест Бромвич Албион по денешниот пораз на гостувањето кај Бурнемут е се поизвесно дека следната година ќе игра во Чемпионшип лигата.

Избраниците на Пардју иако водеа против Бурнемут со голот на Родригез, сепак претрпеа пораз од 2:1 и полега се подготвуваат за следната сезона да се натпреваруваат во понизок ранг.

Кристал Палас пак славеше на гостувањето кај Хадерсфилд и со тоа се искачи на 16. позиција на табелата со 30 поени, но со натпревар повеќе во однос на Саутемптон и Вест Хем.

И тимот на Стоук е се поблиску до исфрлање од лигата по денешниот пораз на домашен терен од тимот на Евертон.