Ливерпул со петарда го почести Вотфорд, нов неверојатен настап на Салах


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тимот на Ливерпул носен на крилата на можеби најдобриот фудбалер во Премиер Лигата оваа сезона, Мохамед Салах со огромни 5:0 славеа против тимот на Вотфорд во последниот денешен натпревар од Премиер лигата.

Избраниците на Клоп со оваа победа се зацврстија на третата позиција на табелата и се доближија до обезбедување настап во Лигата на шампионите.

Мохамед Салах постигна четири од петте погодоци за Ливерпул, а еден беше дело на Роберто Фирмино, а за голот на Бразилецот асистираше токму брзоногиот Египќанец.