Ван Гал ти испратил мејл? Немој да го отвараш!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Луј Ван Гал повторно ја искористи шансата да го критикува Манчестер јунајтед, а овој пат имаше што да им каже на фудаблерите.

Ван Гал од 2014 до 2016 година со Јунајтед го освои само ФА купот, а често беше критикуван поради очајните игри и засилувања.

Сепак, тој имаше што да каже во своја одбрана, а сега ги нарече своите поранешни играчи непрофесионалци зашто не читаат мејлови.

„Тоа е вистина. Им праќав мејлови во кои им кажував кои се нивните грешки. На секој му дадов шанса на тој начин да комуницира со мене, но никој не сакаше. Тоа е знак за непрофесионалност“, вели Ван Гал.