Интер до врв ја наполни мрежата на Сампдорија


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Екипата на Интер конечно заигра како што почна оваа сезона во Серија А и на гостувањето кај Сампдорија славеше убедлива победа од 5:0.

Денеска на „Луиџи Ферарис“ блескаше најдобриот играч на Интер и некогашен фудбалер на Сампдорија, Мауро Икарди кој натпреварот го заврши со четири погодоци.

Најпрво Иван Перишиќ го отвори резултатот во 26. минута од средбата, а потоа следеше шоуто на Икарди кој ја тресеше мрежата на Вивиано во 30., 31., 44., и 51. минута.

Со оваа победа Интер се искачи на четвртата позиција на табелата во Серија А.