Милан со петта победа по ред, Андре Силва влегува во форма


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Милан успеа да слави против тимот на Киево на својот „Сан Сиро“ со 3:2 и со тоа и дефинитивно да се приклучи во трката за Лигата на шампионите.

Избраниците на Гатузо дојдоа во водство против тимот од Верона со голот на Чалханоглу, но потоа следеше пресврт кој гостинскиот тим го оствари преку Степински и Инглесе.

Сепак во вториот дел играта се префрли целосно на половината на Киево, а нападите на Милан вродија со плод откако Кутроне изедначи, а Андре Силва со гол во 82. минута го постави конечниот резултат.

Милан не искористи и удар од белата точка затоа што Франк Кеси лошо биеше, а гостинскиот голман го прочита неговиот удар.

Резултати Серија А:

Милан- Киево 3:2

Беневенто- Каљари 1:2

Кротоне- Рома 0:2

Торино- Фиорентина 1:2

Верона- Аталанта 0:5