Челси по продолженија го победи Лестер, познати полуфиналните парови во ФА Купот


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Тимот на Челси потешко од очекувањата славеше против тимот на Лестер во последниот натпревар од четвртфиналињата во ФА Купот.

Избраниците на Антонио Конте по продолженија со 2:1 го победија некогашниот шампион на Англија.

Први до предност дојдоа гостите од Лондон со гол преку Мората во 42. минута од средбата. На 1:1 изедначи Варди во 78. минута, а конечниот резултат го постави Педро во 105 минута.

Веднаш по таа средба беше извршена ждрепката на полуфиналните парови кои ќе ги одмерат силите на најпознатиот англиски стадион „Вембли“.

Челси го доби релативно најлесниот противник од сите во името на Саутемптон, додека пак Манчестер Јунајтед пласман во финалето ќе бара преку Тотенхем.