Кој ќе оди во полуфинале? Јувентус или Реал: Што кажува историјата?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Реал Мадрид и Јувентус се стари познаници, сеуште сите го паметиме финалето во Кардиф минатата година, но и како Старата дама пред три години го исфрли кралскиот клуб во полуфиналето.

Историјата кажува дека на Јувентус повеќе му лежи двомеч, а на Реал Мадрид кога се игра само еден натпревар, односно финале.

Реал Мадрид во два наврати го победи Јувентус во финалерот, а во мај минатата година беше дури 4:1, додека во 1998 година, Мијатовиќ им донесе трофеј на Шпанците со еден постигнат гол на средбата.

Што се однесува на двомечевите, како што рековме во сезоната 2014/15 Јувентус го исфрли Реал во полуфиналето и подоцна го изгуби финалето од Барселона. Јувентус првиот меч го доби со 2:1, а на реваншот Алваро Мората погоди против своите за 1:1.

Пред тоа, два пати играа го иста група во ЛШ, во сезоните 2013/14 и 2008/09. Пред 10 години Јуве славеше во двата наврати, 2:1, 0:2, додека во 2013, Реал победи со 2:1, а вториот меч беше нерешено 2:2.

Во нокаут фазата, Јувентус беше поуспешен во сезоната 2004/05, Реал славеше во првиот меч со 1:0, а во реваншот Старата дама победи со 2:0.

Кога се ќе се собере, Реал и Јувентус имаат одиграно 20 натпревари, имаат по 9 победи и два пати нерешено.