Шо не може да го истрпи јавното понижување од Мурињо и ќе си замине од Јунајтед


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Лук Шо е подготвен да си замине од Манчестер Јунајтед по новите критики од страна на Жозе Мурињо искажани на прес конференцијата по натпреварот со Брајтон.

Левиот бек беше заменет на таа средба уште на полувремето, а Мурињо во објаснувањето зошто го заменил не пропушти јавно да го критикува за неговата игра.

Ова не е прв пат Португалецот јавно да го критикува 22 годишниот фудбалер, а Шо бил бесен поради фактот што само тој е јавно посочуван од Мурињо и одлучил да го напушти клубот во лентиот преоден рок.