Челси и Реал Мадрид реализираат размена на векот!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Изгледа дека планираат големи промени, а ова би можело да биде важно на лето.

Најверојатно Челси се откажува од Азар, откако има се поголеми шанси Белгиецот да не го продолжи договорот. Ако екипата не заврши во топ 4, тој ќе бара да замине од клубот.

Челси ќе се обиде да го извлече максимумот од трансферот на Азар во Реал Мадрид, па се верува дека сума од 180 милиони евра би била доволна да ги задоволи, но исто така би се согласиле во дел од пакетот да бидат Асенсио и Иско.

Дел од медиумите во Шпанија пишуваат дека е на повидок реализација на ова сценарио, но останува да видиме што ќе се случи.