Рома го слави денот кога Челси кажа – НЕ!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Директорот на Рома, Умберто Гандини признава дека било многу важно задржувањето на Един Џеко.

Џеко беше блиску до трансфер во Челси во јануари, но на крајот одлучи да остане во Рим.

„Един беше многу важен за Рома. Постоеше можност да замине, но на крајот одлучивме да остане. Многу е важен играч за нашата игра, дури и кога не постигнува голови сме среќни со него“, вели Гандини.

Играчот на Рома оваа сезона на 37 натпревари постигна 17 голови, од кои 13 во Серија А и четири во ЛШ.