Легендата ја покажа својата големина: Ова е за Астори!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Италија целосно разочара во квалификациите за Мундијалот во Русија,  Буфон кажа дека тоа било неговото простување од дресот од Италија. Сепак, голманот потоа се предомисли, па ќе биде повторно на располагање на селекторот.

Еден од најдобрите голмани во светот смета дека тој ги спојува играчите во соблекувалната на репрезентацијата.

„Јас сум верна личност со големо чувство за одговорност. Тоа е веќе доволно за да бидам присутен во репрезентацијата, а исто така, секогаш сум бил елемент кој ја спојува соблекувалната. Некои млади момци растат, некои веќе стигнаа да ја водат екипата и сите ќе добијат шанса. Давиде Астори е уште една причина зошто сум тука и поради што го прифатив повикот на селекторот“, објаснува Буфон.