Де Фрај донесе одлука, позната неговата следна дестинација


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед и Ливерпул силно го посакуваа Стефан Де Фрај во своите редови, меѓутоа холандскиот дефанзивец се реши да ги одбие понудите на англиските клубови.

Имено, договорот на Де Фрај со Лацио завршува ова лето и веќе е јасно дека истиот нема да биде продолжен, а сега е јасна и новата дестинација на Холанѓанецот.

Де Фрај одлучил да ја прифати понудата на Интер и да остане во Серија А. Наводно, на „Џузепе Меаца“ некогашниот играч на Феенорд ќе заработува по 3.7 милиони фунти годишно, а ќе потпише договор до 2023 година.