Мејведер го презема Њукасл и го носи еден од најдобрите играчи во светот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Помалку неверојатно медиумите на Островот пренесуваат инофрмација во која влеат дека Флојд Мејведер е подготвен да го купи Њукасл.

Сегашниот сопственик на клубот, Мајк Ешли е во постојана потрага по купувач за „чавките“, но засега нема ништо конкретно.

Затоа со понуда се јави најскапо платениот боксер во светот кој истакна дека би можел да го купи клубот.

„Го сакам Њукасл. Момците кои играат во тој клуб сакаат да се забавуваат, баш како што правам јас кога ќе одам во тој град, а сум го пропатувал целиот свет. Минатата година запознав неколку играчи на Њукасл и се уверив дека се добри момци.

Ги сакам сите спортови и отворен сум за работни прилики, но одлуките ги носам со главата, не со срцето “- коментираше Мејведер.

Боксерот призна дека е добар другар со Кристијано Роналдо и дека доколку го купи Њукасл би можел да го донесе и Португалецот во клубот.