Меси: Ако не го освоиме Мундијалот сите ќе сакаат да заминеме


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


На нешто помалку од три месеци до стартот на Светското првенство во Русија, еден од најдобрите играчи на денешницата, Лионел Меси изјави дека многу луѓе очекуваат Аргентина да биде светски првак.

Секој исход освен трофејот во најгледаната фудбалска смотра ќе значи притисок врз играчите да го напуштат националниот тим.

„Нашите амбиции се да одиграме добро на големото натпреварување. Очекуваме да доживееме нешто слично на 2014 година, но со различна завршница. Ако не го освоиме Светскиот куп, ќе бараат од сите нас да го напуштиме репрезентативниот тим“, рече Меси.

„Неверојатно е што насекаде низ светот сакаат трофејот да биде за Аргентина. Од сите краишта на светот ми посакуваат успех и стискаат палци за нас. Навистина е импресивно тоа што го доживувам секаде каде се среќавам со фановите“, додаде Меси.

„Сонувам да го освојам трофејот во Русија. Мојата желба е да доживееме нешто слично како во Бразил 2014 само со позитивен исход. Може да сторите се како што треба и да не успеете, како Аргентина во Бразил“ -заврши еден од најдобрите фудбалери во историјата на овој спорт.

Аргентина на Мундијалот во Русија е во група со Исланд, Хрватска и Нигерија.