Италијански гигант доведе фудбалер од Челси


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Мохамед Салах е нов фудбалер на Рома.

Минатата сезона Салах беше позајмен на Рома, но импресионираше во Рим и затоа клубот реши да го откупи неговиот договор.

Салах во Челси стигна во 2014-та година од Базел и дебитираше против Њукасл.

Неговиот прв погодок за Челси го постигна против Арсенал. Во Серија А прво беше на позајмица во Фиорентина, па во Рома.

Челси му се заблагодари на Салах и му посака среќа во новиот клуб.