Излегоа од лигата и веднаш го наполнија стадионот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Штутгарт мината сезона ја напушти Бундеслигата иако во средината на сезоната тие беа некаде на врвот на табелата.

На крајот од сезоната ги следеше несреќа, во последните натпревари неможеа да освојат ниту еден бод, па заслужено и отпаднаа.

Сепак, навивачите и покрај се останаа со клубот и сеуште се верни како што и секогаш биле.

Веќе на првиот наптревар од новата сезона која за Штутгард ќе почне во понеделник против Сент Паули влезниците се продадени до последна.

Продадени се 54 илјади влезници за овој натпревар од втората лига во Германија. Ова ретко се гледа во фудбалскиот свет.