На шест дена од почетокот на првенството: Арсенал во големи проблеми


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Арсенал и во оваа сезона ќе влезе со една цел, а тоа е да стана шампион на Премиер лигата после долги 12 години.

Топџиите во првото коло ќе играат против Клоп и неговиот Ливерпул, а дека нема да биде лесно зборува и фактот дека против Редсите ќе настапат без три многу важни играчи: Месут Озил, Лорент Кошчелни и Оливие Жиру.

Венгер проговори за овој прогблем, но и напомена какво првенство не чека:

„Тој натпревар доаѓа прерано, имаме повреди и ќе биде тешко. Многу клубови се со иста цел, големи трансфери стигнаа, една екипа може на тронот и се надевам дека ние ќе бидеме таа екипаа. Ова првенство ќе биде најизрамнето во последните неколку години“.