После што ја декласираа Барселона: Клоп создаде моќна машина со многу силна клупа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ливерпул вчера со дури 4:0 ја понижи Барселона на „Вембли“.

Навивачите се воодушевени, и очекуваат конечен исчекор во новата сезона која стартува во наредниот викенд.

Вистина е дека каталонскиот гигант не истрча во најсилен состав, но повторно резултатот од 4:0 јасно докажува дека Редсите целосно спремно ја дочекуваат почетокот на сезоната и на исклучителното незгодно гостување кај Арсенал.

Јирген Клоп така ни претстави екипа во формација 4-3-3 (Мињоле – Клајн- Ловрен, Чан, Клаван – Лалана, Милнер, Вијналдум – Мане, Фирмино, Кутињо). Дополнително охрабрува многу силната екипа, каква всушност одамна немало на Енфилд.

Се ова ги поттикна и новинарите на ценетиот „Мундо Депортиво“ за да направат и графички приказ на играчкиот кадар на англискиот гигант, а интересно е дека неколку играчи конкурираат за секоја позиција.

Загрижувачки, сепак, е позицијата лев бек, каде што моментално е само Шпанецот Морено, и се очекува на Енфилд ќе стигне одговарувачка алтернатива и за ова место.