Јувентус потврди: Готово е, Погба оди во Манчестер


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Готово е, само се чека официјална потврда. Сите медиуми од Италија и Англија ја пренесоа информацијата која гласи дека Пол Погба доби дозвола од „старата дама„ да оди на медицински прегледи во Манчестер Јунајтед, тоа е потврдено и од Јувентус.

Еден англиски медиум, Гардијан тврди дека дилеми повеќе нема, потписите ги ставија Погба, Раиола, Јувентус и Јунајтед.

Договорот е направен, цената на трансферот изнесува 110 милиони евра а со бонусите цената би достигнала и до 120 милиони евра.

Тоа ќе биде најголемиот трансфер во историјата на фудбалот. Претставувањето се очекува да биде денеска или најдоцна утре, но веќе дилеми нема. Трансфер сагата е завршена, Погба е новиот црвен ѓавол.