Барселона со недели е во потрага за напаѓач, но што ќе биде со одбраната?!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Барселона веќе со недели е во потрага на напаѓач, некој кој ќе влегува малку да ги одмори Лионел Меси, Луис Суарез и Нејмар. Сепак, според подготвителните натпревари се поставува прашањето: Не е ли важно да се доведе дефанзивец?

Алеиш Видал е далеку од форма, а Серхио Роберто не е десен бек, иако во минатата сезона знаеше да одигра добро на таа позиција. Хавиер Маскерано само што почна со тренинзите, а Жереми Матје не може да биде главен дефанзивец.

Барса има уште еден подготвителен натпревар, во среда против Сампдорија, пред отворањето на сезоната со Суперкупот против Севиља.

И додека го бараат „новиот Педро Родгригез“ челниците на Барса се соочија колку проблеми имаат во одбраната.

Да, Пике ќе се врати, дали е тоа доволно?