Падна нов рекорд на ОИ, сервис со неверојатна брзина


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Српската одбојкарка која игра на позицијата примач во одбојкарскиот тим денеска постави нов рекорд.

Бранкица Михајловиќ беше таа што ја одбележа победата на српските одбојкарки денеска на ОИ во Рио против одбојкарките на Италија.

Михајловиќ сервираше и топката кон противничките ја упати со неверојатни 99 километри на час што е нов рекорд.

Србија ја совлада Италија со 3:0 (27:25, 25:20, 25:23). Најефикасна беше токму Михајловиќ со освоени 21 поен.