Канаѓанец го засили Олимпијакос


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Канадскиот центар, Кем Бирч е новото засилување на Олимпијакос со кој потпиша 2-годишен договор вреден 1.1 милион евра.

Бирч има 23 години, висок е 206 центиметри и минатата сезона во дресот на турскиот Ушак имаше учинок од 10.4 поени и 8.9 скока.

Канаѓанецот е одличен во одбрана и би требало да биде замена во Олимпијакос за Отело Хантер кој ќе замине во Реал Мадрид.