Крај и за Галијани во Милан


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден од главните луѓе на Милан, Адријано Галијани ќе го напушти клубот во септември.

Неодамна Силвио Берлускони го продаде Милан на кинезите, а после неговото заминување од клубот ќе замине извршниот директор, Адријано Галијани.

Иако овој 72-годишен се смета за автор на големиот Милан кој имаше голема улога во Европа и Италија, поради слабите резултати минатите години дојде до немилост кај навивачите.

Новите сопственици се одлучија дека Галијани нема повеќе што да бара во клубот и на средината на септември ќе го напушти Сан Сиро.

Галијани е вработен во Милан од 1986-та година.