Реал ослабен – Без четири ѕвезди по првиот трофеј оваа сезона


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид против Севиља во суперкупот на УЕФА ќе биде без Герет Бејл, Тони Крос, Пепе и Кристијано Роналдо.

Натпреварот се игра утре во Трондхајм, а добрата вест е дека Карим Бензема е спремен.

Реаловци тргнаа на пат, а ова се фудбалери на кои смета Зидан:

Касиља, Јанез, Лука, Карвахал, Рамос, Варан, Начо, Марсело, Данило, Хамес, Касемиро, Ковачиќ, Модриќ, Иско, Асенсио, Љоренте, Бензема, Васкез, Мората, Маријано.