Италијанците сигурни – Хрватот четврто засилување на Милан за следната сезона


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Милан зад себе го има можеби еден од најважниот период во историјата на клубот бидејќи Берлускони го продаде тимот на кинезите.

Досега Милан купи двајца, но тие не се доволно за навивачите. После Лападула, Вангиони и Гомез во клубот би требало да стигне хрватскиот репрезентативец, Милан Бадељ.

Оваа вест е бомба во сите италијанските медиуми. Сите соопштија дека Бадељ сигурно е нов фудбалер на Милан и дека доаѓа по барање на Винченцо Монтела. Исто така, италијанците тврдат дека Бадељ има желба да игра во Милан.

Неговата цена би требала да биде околу 15 милиони евра, па ќе видиме колку Фиорентина ќе заработи.