Погба: Мурињо ќе ме направи подобар фудбалер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пол Погба синоќа стана најскапиот играч во историјата на фудбалот бидејќи за 105 милиони евра премина од Јувентус во Јунајтед.

Погба разговарал со Мората во врска со Мурињо. Мората му тврдел дека Мурињо ќе му помогне на Погба да ги подобри своите квалитети.

„Разговарав со неколку играчи во врска со Мурињо. Мората и Варан ми рекоа дека тоа е вистински тренер за мене, дека таму ќе напредувам бидејќи тој ги тера играчите да тренираат се повеќе и повеќе. Разговарав со него повеќе пати и почувствував дека шири позитивна енергија. Сигурен сум дека ќе напредувам и дека Мурињо ќе ме направи подобар“ – вели Погба.

Погба одигра седум натпревари за Јунајтед и помогна на екипата до 18 години да го освои ФА купот во 2011 година.

„Едвај чекам да заиграм за новиот тим. Дури не ми изгледа како нов. Се вратив и сјајно се чувствувам“ – за крај се изјасни најскапиот на светот.