Надал го брани Новак: И најдобрите губат


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанскиот тенисер после елиминацијата на Новак во раната фаза на олимпискиот турнир порача дека нормално е некогаш и најдобрите да изгубат.

„Секогаш е изненадување кога првиот тенисер на светот изгуби. Не можеме повеќе да бараме од Новак. Мислам дека е неверојатно се што направи и нормално е некогаш и тој да изгуби. Тешко е да се повторат такви успеси и нормално е да дојдат моменти кога ќе се губи“ – порача Надал на медиумите во рамките на ОИ во Рио

Надал уште истакна дека Дел Потро е еден од најдобрите на светот и дека Новак имаше тежок ждреб на ОИ.

Надал стигна до 1/8 финале на игрите и го чека натпревар со Жил Симон.