Првиот човек на Палермо вели дека Несторовски ќе биде нивниот Инзаги


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Илија Несторовски е новото засилување на Палермо кој го засили тимот ова лето, а доаѓа од хрватскиот Интер Запрешиќ.

Маурицио Ѕампарини, инаку претседател на тимот од Сицилија во италијанските медиуми излезе со доста пофални зборови за македонецот кој добро се вклопи во клубот во пријателските дуели.

„Несторовски ќе биде нашиот Инзаги. Тој е одличен фудбалер, сигурен сум дека ќе биде добар и ќе има одлични партии во нашиот дрес. Многу добро се снаоѓа при акции и е опасен за противничкиот тим“ – вели Ѕампарини за италијанските медиуми

Пред да замине во Хрватска, Несторовски играше во Металург, Викторија Жижков, Словачко а својата фудбалска кариера ја започна во прилепска Победа.