Клаудио Раниери потпиша нов договор со Лестер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од Лестер не известуваат дека Раниери потпиша нов договор со тимот кој ја освои титулата во Премиер Лигата минатата сезона.

Италијанецот на клупата на Лестер седна минатото лето, заменувајќи го Најџел Пирсон и во првата сезона во Лестер ја осови титулата во англискиот шампионат.

Тој од денеска има нов договор и покачување на платата заедно со новиот договор кој важи до 2020 година.

Вице – претседателот на Лестер изјави: „Пред 12 месеци ангажиравме човек да го води тимот. Никој не очекуваше дека ќе се случи тоа што се случи, никој не очекуваше титула. Тој заслужува продолжување на договорот“

Лестер беше кандидат за испаѓање од лигата, тоа ни е на сите познато, шансите за Раниери да ја крене титулата на Премиер Лигата беа 5.000 спрема 1, но добро се вели дека и чудата се можни.

„Од моментов кога разговарав со челните луѓе на Лестер, знаев дека ќе биде интересен предизвик да го водам тој тим. Тимскиот дух не водеше до титулата. Ако продолжиме да соработуваме, можеме повторно да целиме кон успеси“ – изјави Раниери

Колкави ќе бидат примањата на Раниери, сеуште не е познато.