Марадона: Меси нема да се предомисли


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Легендарниот фудбалер, Марадона изјави дека верува дека Меси нема да ја промени одлуката за повлекувањето од репрезентацијата пред се поради слабото водење на фудбалскиот сојуз на земјата.

Mеси по завршувањето на Копа Америка каде неговата Аргентина изгуби во финалето од Чиле на пенали изјави дека ќе ја напушта репрезентацијата.

Во текот на вчерашниот ден, новиот тренер на Аргентина, Едгардо Бауса допатува во Шпанија да го убеди Лионел да ја промени одлуката.

„Моето мислење е дека Меси нема да се предомисли. Можеби грешам“ – изјави Марадона

Меси истотака пред да ја донесе одлуката за повлекување, на социјалната мрежа Инстаграм објави дека фудбалскиот сојуз на неговата земја работи на катастрофален начин.

И Марадона го подржува Меси, бидејќи Аргентина во квалификациите за СП 2018 има само три победи во шест натпревари.

„Многу сме лоши. Ризикуваме да не одиме на СП. Не сум бил сведок на толко слабо водство од фудбалскиот сојуз. Ова што се случува со Меси прикажува ситуација која одсекогаш се случувала“ – изјави Марадона, кој во 1986 освои СП со Аргентина.