Просинечки за Игуаин: Тој е обично прасе


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Беше вистинска звезда овој преоден рок, неговиот трансфер од Наполи во Јувентус беше следен минута по минута.

Меѓутоа, во првиот дуел кога го облече дресот на старата дама од Торино тој го шокираше комплетниот фудбалски свет.

Фотографиите од пријателскиот дуел со Вест Хем го шокираа светот, јасно се гледа дека Игуаин е дебел. За таквата ситуација проговори и Роберт Просинечки.

„Бев шокиран кога го видов Игуаин. Па тој е подебел и од мене. Платија 94 милиони за него, а тој дојде како прасе. Неможам да замислам колку Алегри е бил шокиран бидејќи тој инсистираше да се ангажира Игуаин. Се надевам ќе влезе во форма“ – вели легендарниот Роберт Просинечки.