Симоне Заза го напушта Јувентус


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Симоне Заза ги прифати условите на Волфсбург и тој веќе бара куќа во Германија според пишувањата на германските медиуми.

Напаѓачот е веќе долга желба на управата на Волфсбург но тој сакаше да остане во тимот на италијанскиот шампион.

Сепак со доаѓањето на Игуаин, тој постана петта опција на Алегри и размисли за прегледување на понудата од Волфсбург.

И италијанските гиганти и Милан и Рома се интересираа и можеше Заза да остане во Италија но тие неможеа да парираат на понудата од германците.

25 годишниот играч веќе бара куќа во Германија што значи дека следната недела би можеле да го гледаме во Бундеслигата. А Јувентус би требало да зеде од 25 до 30 милиони евра за трансферот на Заза во Волфсбург