Симон немоќен против Надал


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласираше во четвртфиналето на Олимписките игри во Рио после денешната победа против Французинот Жил Симон со 2:0 во сетови.

Во првиот сет се видени многу брејкови и пресврти на резултатот. Првиот брејк го направи Симон веќе во третиот гем и поведе со 2:1. Одма после тоа, Надал враќа и успева да го сврти резултатот на 4:2.

Сепак, Симон успева да одговори со иста мера и израмни на 4:4 после што се влезе во нешто помирен период.

Двајцата ги освоија наредните два сервис гема и така се влезе во тај брејк.

Таму подобро се снајде Надал кој славеше со 7:5 и поведе со 1:0.

Загубата на првиот сет многу тешко падна на Симон кој во продолжението од мечот играше многу лошо.

На самиот старт на вториот сет го загуби два пати по ред својот сервис и тогаш беше јасно дека Надал нема да има поголеми проблеми за мечот да го приведе на крај.

Вториот сет го доби Надал со 6:3. Шпанецот во четвртфиналето ќе игра против Белучи.