Дали е на повидок нова “бомба“ во Италија?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанските медиуми јаувуваат дека Челси го понуди Сеск Фабрегас на Јувентус.

Јуве го сакаше Немања Матиќ, но Антонио Конте немаше намера во својот поранешен клуб да го пушти српскиот играч за врска.

Меѓутоа, Челси е спремен на Старата дама да го пушти Шпанецот Фабрегас, кој нема да има многу простор за игра на Стенфорд Бриџ.

Јуве е во потрага за човек кој ќе го наследи Пол Погба, а Фабрегас може да биде добро решение кога веќе не успееја да го доведат Матиќ во Торино.

Фабрегас во Челси дојде од Барселона во 2014 година и за Сините во 71 натпревар даде осум голови, а пред Барса го носеше дресот на Арсенал (212 натпревари, 35 голови).