Вчера шпекулација, денеска и официјално Сасусоло испрати понуда за Балотели


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сасусоло остана без еден од главните играчи во тимот, Никола Сансоне кој стана нов член на Виљареал.

Поради тоа, Сасусоло се во потрага по нов напаѓач кој ќе го замени Сансоне, а тимот од Сасусоло сака тоа да биде „Супер Марио„.

Шпекулациите од вчера денеска и официјално станаа вистинити, понуда за Балотели стигна од Сасусоло, го сакаат на позајмица.

„Вистина е дека преговараат Балотели и Сасуоло, но светлосни години се далеку од договор. Тешко дека Ливерпул ќе се согласи да плаќа поголем дел од неговиот договор. Меѓутоа, се е можно до крајот на трансфер периодот“ – вели Енцо Раиола кој е доста близок со Мино Раиола кој е менаџер на Балотели

Покрај Балотели, Сасусоло сака да го доведе и Антонио Касано.