Злато за Надал!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Рафаел Надал го освои златниот медал на Олимписките игри во Бразил.

Во исчекување на дуелот со Дел Потро кој да потсетиме го елиминира Новак Ѓоковиќ на стартот на натпреварувањето во Бразил, Рафа во пар со Фелисијано Лопез, славеше против тандемот од Романија, Мергеа, Текау 2:1 по сетови 6:2, 3:6, 6:4.

Бронзениот медал го освоија Американците Џонсон и Сок, кои без проблеми славеа против Канаѓаните Нестор и Поспишил со 2:0 по сетови 6:2, 6:4.

Останува прашањето. Дали Надал може да стигне до два медали во Бразил.

Едно злато има околу вратот, ако го победи Дел Потро ќе се бори за второто златко одличје.