Мареј влезе во историјата: После Лондон освои злато и во Рио!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Британскиот тенисер Енди Мареј влезе во историјата на Олимписките игри како прв тенисер кој му појде од рака да освои две злата во сингл конкуренција.

После Лондон во 2012 славеше победа и во Рио де Женерио, поради тоа што во финалето го совлада Аргентинецот Хуан Мартин дел Потро со 3:1.

За повеќе од четири часа игра по сетови беше 7:5, 4:6, 6:2, 7:5. Лесно можеше да се игра и петти пет, но вториот играч на светот успеа да направи брејк кога одличниот Аргентинец сервираше за освојување на четвртиот сет, а потоа врза уште два гема за конечна победа.

Бронзата ја освои Јапонецот Кеи Нишикори со победа над Рафаел Надал со 2:0. Мареј славеше титула и во Лондон, а тогаш го освои и златниот медал во микс.