После лошите два натпревари Победа ќе прави промена


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Поради лошиот старт и двата порази, прилепска Победа најверојатно ќе го промени тренерот.

Според Македонски Спорт, Дарко Крстески ќе биде заменет со Зоран Штерјовски.

40-годишниот Штерјовски би требало до крајот на неделата да биде нов тренер на Победа т.е пред третото коло каде Победа во Битола ќе игра против шампионот Вардар.

Прилепчани стартуваа лошо, во првите две кола запишаа два порази. Првиот од Пелистер со 0:2, а вториот од Силекс со 2:1.